Баерн Минхен го освои Суперкупот на Германија

Баерн Минхен реди трофеи во клупските витрини. Актуелниот европски првак по Суперкупот на УЕФА успеа да го освои пехарот и во Суперкупот на Германија совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 3-2.

Тимот на Ханси Флик поведе со 2-0 со головите на Корентин Толисо во 18.минута и на Томас Милер во 32.минута. Но, Борусија Дортмунд не се предаде лесно. Џулијан Брант во 40.минута успеа да намали на 2-1, а Ерлинг Халанд во 55.минута го израмни резултатот.

Сепак, Џошуа Кимих беше творецот на триумфот за баварскиот тим. Во 82.минута, малку и на глобтротерски начин, во пад откако беше одбранет неговиот прв обид, успеа да го надмудри противничкиот голман носејќи го новиот трофеј за Баерн Минхен.

Се вчитува...