Баерн Минхен го плати над 40 милиони евра, а сега бесплатно се враќа во стариот клуб

Во 2017 година, Баерн Минхен тогаш го плати Корентин Толисо 41,5 милиони евра, со бонуси плус шест милиони евра. Дојде од Лион како голема надеж на францускиот фудбал, но дефинитивно не ги оправда парите вложени во него. Толисо беше повеќе повреден и повеќе на трибините, отколку на теренот, па сега 27-годишниот фудбалер како слободен играч се враќа во Лион.

Официјалната потврда за трансферот треба да се случи во текот на денешниот ден. Работата е договорена, Толисо се согласил да се врати во својот екс клуб.

Светскиот првак со Франција 2018 година, за Баерн во пет години одигра 117 години со 21 гола и 15 асистенции. Ја освои Лигата на шампионите, пет титули германски првак, две во Купот и три во Супер-Купот. Покрај тоа освои и светско клупско првенство и УЕФА Супер-Купот.

Се вчитува...