Баерн Минхен го претстави Одриозола

Германскиот првак Баерн Минхен го доведе на позајмица шпанскиот репрезентативец Алваро Одриозола. Тој доаѓа како позајмен играч до крајот на сезоната со опција за откупување на договорот од Реал Мадрид.

„Убедени сме дека Одриозола ќе му помогне на тимот со своите квалитети. Драго ми е што успеавме да најдеме десен бек со таков потенцијал“, изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Одриозола во 2018 година дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Сосиедад за сума од 40 милиони евра, но не се снајде најдобро во „кралскиот тим“.

 

 

 

Се вчитува...