Баерн Минхен го промовираше Мане: „Од претходно го сакам овој клуб“

Сега и официјално, Садио Мане ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Баварците го промовираа големото засилување, кое доаѓа од Ливерпул. Договорот е на три години до 2025 година.

Сенегалецот после шест години минати во Ливерпул, со кој ја освои Премиерлигата и Лигата на шампионите, сега ќе има нов предизвик.

Заминувањето на Мане се шпекулираше уште по финалето во Лигата на шампионите, по кое наводно Сенегалецот им соопштил на раководството и на соиграчите дека му треба нов предизвик.

„Навистина сум среќен што конечно ќе играм во Баерн Минхен. Имаше голем интерес од овој клуб и во минатото, и за мене сега немаше дилеми. Мислам дека е вистинско време за овој предизвик. Сакам да освојам се со овој клуб, како во домашното првенство, така и во Европа. Додека бев во Салцбург, гледав многу натпревари за Баерн. Навистина, го сакам овој клуб“, рече Мане. 

Се вчитува...