Баерн Минхен го промовираше првото засилување

Само што заврши сезоната во Германија, Баерн Минхен почна да го гради тимот за следните сезони. Откако Мануел Нојер и Томас Милер потпишаа нови договори, денеска „баварците“ го промовираа првото засилување за идната сезона. Станува збор за Нусар Мазрауи, кој потпиша договор до 2026 година.

Баерн го доби Мазрауи бесплатно, со оглед дека му истече договорот со Ајакс и ќе биде големо засилување за позицијата десен бек.

„Имав одлично чувство после состанокот со Баерн Минхен и многу сум среќен што дојдов во еден од најголемите клубови во Европа. Баерн повторно е првак и се надевам дека идната сезона ќе се бориме за сите титули“, рече Мазрауи.

Се вчитува...