Баерн Минхен го растури Шалке и се доближи на бод до Лајпциг

Баерн Минхен го декласира Шалке на „Алијанц арена“ славејќи со 5-0. Тимот на Ханси Флик максимално го искористи поразот на Лајпциг и се доближи до лидерот на само еден бод негатива. На третото место е Борусија Менхенгледбах со еден бод минус во однос на Баерн.

Роберт Левандовски донесе водство за баварскиот тим во шестата минута, а на самиот истек од првиот дел Томас Милер зголеми на 2-0.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Баерн Минхен. Леон Горецка во 50.минута го постигна третиот гол, осум минути подоцна погоди и Тијаго Алкантара, а во финишот во листата на стрелците се запиша и Серж Гнабри.

Се вчитува...