Баерн Минхен го сака на позајмица Хадсон – Одои

Европскиот првак Баерн Минхен сака да се засили со младиот фудбалер на Челси, Калум Хадсон – Одои. Раководството на баварскиот клуб појави интерес и минатата сезона, но Хадсон – Одои заработи сериозна повреда по која мораше да паузира подолг период. Сега повторно е остварен контакт со Челси и крилниот играч би можел да пристигне на „Алијанц арена“.

Хадсон – Одои синоќешниот меч со Брајтон го стартуваше од клупата за резервни фудбалери, а менаџерот Франк Лампард му даде шанса во завршницата, на местото на Каи Хаверц.

Покрај Баерн Минхен, за талентираниот фудбалер на Челси се заинтересирани и Лајпциг и Јувентус.

Се вчитува...