Баерн Минхен го убедува Јоаким Лев да го преземе тимот после Хејнкес

Германскиот првак Баерн Минхен го именуваше Јуп Хејнкес за нов тренер по разделбата со Карло Анчелоти и резултатите веднаш тргнаа во позитивна насока. Баварскиот тим се искачи на врвот на табелата во Бундес-лигата, но и понатаму продолжува потрагата за следниот шеф на стручниот штаб. Хејнкес се сложи да помогне до крајот на сезоната, но јасно е дека 72 – годишниот стратег не е долгорочно решение за клупата на германскиот гигант.

Раководството на Баерн Минхен започна првични преговори со селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев за преземање на тимот по завршувањето на Светското првенство во Русија. Засега, преговорите одат тешко.

„Од една страна, секако дека би сакал повторно да водам клуб, затоа што секојдневно ќе бидам на тренинг, нешто што многу го посакувам. Но, сепак, имам договор со Фудбалската федерација на Германија до 2020 година и единствено што сега размислувам е настапот со Германија на мундијалот во Русија. После Светското првенство, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Јоаким Лев.

Германските медиуми како најсериозен кандидат и понатаму го истакнуваат Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...