Баерн Минхен и Јувентус први обезбедија место во 1/8 финалето во ЛШ

Баерн Минхен и Јувентус се првите две екипи кои обзебедија пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Овие два тима може да завршат најмалку на втората позиција, но никако трети, што значи дека сигурно се меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

На Баерн Минхен тоа му успеа со победата над Бенфика од 5:2, со што ја обебзедија и четвртата победа во ЛШ. До денеска беа без примен гол, но вечерва примија два.

Јувентус, пак, го има истиот скор, откако го совладаа Зенит со 4:2. И тие исто како и Баерн Минхен, примија два гола, со што беа први примени голови во ЛШ сезонава.

Утре осминафинале може да обезбедат уште и Ливерпул и Ајакс ако победат над своите ривали Атлетико Мадрид, односно Борусија Дортмунд.

Се вчитува...