Баерн Минхен пред конечен договор со Нагелсман!

Јулијан Нагелсман е на добар пат да се врати во Баерн Минхен. Актуелниот селектор на Германија е во завршни преговори со неговиот поранешен клуб, тврдат медиумите во Германија.

Според нив, прашањето е само дали договорот ќе биде на три или на четири години, и ќе почне веднаш после Европското првенство кое ќе се одржи во Германија во јуни и јули оваа година.

Нагелсман го водеше тимот на Баерн, но лани во март доби неочекуван отказ, откако беше сменет од кормилото, и покрај тоа што неговиот тим беше на чело на табелата. Сега разговорите се конкретни, и пред финализација, што значи дека наскоро Баерн ќе го промовира својот нов тренер.

Тој ќе дојде на местото на Томас Тухел, кој ќе си замине од Баерн на крајот на сезоната. Веќе почнаа шпекулации и за кормилото на Германија, а најсериозен кандидат е Јирген Клоп, кој по завршувањето на сезоната си заминува од Ливерпул.

Се вчитува...