Баерн Минхен ќе го откупи Перишиќ за 20 милиони евра

Германскиот првак Баерн Минхен ќе го комплетира договорот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ во летниот преоден рок. Тој дојде на позајмица од редовите на Интер, а баварскиот клуб има опција комплетно да го откупи за сума од 20 милиони евра.

Тренерот Ханси Флик ја доби довербата од раководството на клубот да биде на клупата до 2023 година, а потоа почна и да ги решава кадровските проблеми. Томас Милер исто така доби продолжување на соработката до 2023 година, а информациите говорат дека Баерн Минхен има подготвени 20 милиони евра за да го откупи и Перишиќ. Поинаков е ставот на Баерн Минхен за Бразилецот Фелипе Кутињо. Тој нема да остане на „Алијанц арена“ следната сезона, со оглед дека клубот нема да го откупи комплетно од Барселона.

Се вчитува...