Баерн Минхен ќе понуди 80 милиони евра за Верати

Фудбалерот на Баерн Минхен, Чаби Алонско ќе стави крај на кариерата после завршувањето на оваа сезона, а тимот од Минхен е во потрага по негов наследник.

Изборот паднал на играчот на ПСЖ, Марко Верати, кој веќе неколку сезони е значајна алка во францускиот првак. Имено, челниците на клубот се подготвени да испратат понуда од 80 милиони евра во текот на летото за ангажман на Верати.

Италијанскиот репрезентативец, минатиот октомври го продолжи договорот со тимот од Париз до 2019 година и неговата годишна плата е 10 милиони евра и прашање е дали тој ќе сака да се откаже од тие примања.

Се вчитува...