Баерн Минхен минимално до триумф на контролата со Олимпик Марсеј (ВИДЕО)

Баварскиот гигант Баерн Минхен откако ја освои двојната круна во Германија почна со подготовки за продолжението на Лигата на шампионите. Избраници на Ханси Флик денеска во првата контрола беа подобри од Олимпик Марсеј со 1-0. Единствениот погодок на мечот го постигна Серж Гнабри во 19. минута. Интересно е тоа што од мечот дел беа Тијаго Алкантара, Давид Алаба, Фелипе Кутињо и Иван Перишиќ за кои на големо се шпекулира дека во следниот преоден рок ќе ја напуштат „Алијанц арената“.

Баерн Минхен на 8. август го чека реванш мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Челси, а на првиот меч одигран во Лондон „баварците“ славеа со 0-3.

 

Се вчитува...