Баерн Минхен, на пенали, го освои Суперкупот на Германија

Германскиот првак Баерн Минхен успеа да го освои првиот трофеј во новата сезона, откако ја совлада Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија дури по изведување пенали. Во регуларниот дел, натпреварот заврши 2-2, а Баерн Минхен се спаси од пораз во 88.минута, кога Пишчек си постигна автогол. Пулишиќ во 12.минута ги доведе „милионерите“ во водство, шест минути подоцна израмни Роберт Левандовски, а Борусија Дортмунд и вторпат дојде до предност во 71.минута преку Обамејанг.

Сепак, мечот се решаваше на пенали, а Марк Бартра во шестата серија не успеа да го реализира ударот од белата точка и тоа беше кобно за тимот на Борусија Дортмунд, кој овој меч го играше пред своја публика.

Borussia Dortmund Vs Bayern Munich 2-2 All… by DailyVideoTV

Се вчитува...