Кристијано Роналдо е подготвен за нов трансфер, а следна дестинација на португалската суперѕвезда би можел да биде Баерн Минхен. Оваа информација прв ја објави мадридскиот весник „Ас“, демантирајќи дека Кристијано разгледа враќање назад во Реал, но и најавувајќи дека Роналдо сериозно ја разгледува опцијата за преселба во Германија.
Тој беше видно незадоволен од ланската очајна сезона на Манчестер Јунајтед, добро го прифати доаѓање на Тен Хаг за нов тренер, но затоа во последните денови е исфрустриран откако му стана јасно дека „црвените ѓаволи“ нема да можат да донесат врвни засилувања во текот на летово. Тен Хаг ќе гради проект од почеток, но Роналдо има само уште една година од договорот и не размислува долгорочно, туку сака да освојува трофеи.
Во Баерн Минхен би му била „загарантирана“ титулата во Бундес-лигата, а јасно е дека баварците со него и со Садио Мане во нападот би можеле да се вмешаат и во борбата за европскиот фудбалски трон.
Баерн ќе има простор во буџетот за да си ја дозволи платата на Кристијано, со оглед на најавеното заминување на Роберт Левандовски, така што се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА