Баерн Минхен нема да го откупи Перишиќ, Хрватот се враќа во Милано

Германскиот првак Баерн Минхен нема да го искористи правото за откуп на договорот на Хрватот Иван Перишиќ по завршувањето на сезоната, откриваат медиумите во Германија. Тој дојде на позајмица од Интер, со клаузула за комплетно откупување на договорот доколку и двете страни се задоволни од соработката. Но, очигледно дека Перишиќ не ги задоволи вкусовите на раководството на Баерн Минхен и не се вклопува во плановите на новиот тренер Ханси Флик.

Перишиќ пристигна во периодот кога тренер на Баерн Минхен беше неговиот сонародник Нико Ковач. Тој на 19 настапи за баварскиот клуб постигна четири гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...