Баерн Минхен веќе подолго време преговара за неколку нови засилувања, но првото дефинитивно ќе биде изненадување ако се знае дека станува збор за играч кој досега не беше сериозно поврзуван со преселба во редовите на баварскиот гигант.
Хироки Ито, дефанзивецот на Штутгарт, во следните 48 часа би требало и официјално да се пресели на „Алијанц Арена“ откако раководството на Баерн постигнало целосен договор со овој фудбалер. Штутгарт и не се прашува премногу во целата ситуација бидејќи Ито во договорот со „швабите“ има клаузула од 30 милиони евра што Баерн е подготвен да ја активира за да добие зелено светло и да го комплетира овој трансфер.
Извори од управата на Баерн ставиле до знаење дека доаѓањето на Ито не ги нарушува плановите за ангажман на Тах од Баер Леверкузен. Јапонецот се носи левоног играч на позицијата централен дефанзивец, а преговорите со Леверкузен за Тах продолжуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА