Баерн Минхен нуди 70 милиони евра за Лукас Окампос

Германскиот првак Баерн Минхен сака да ја засили навалната линија со аргентинскиот интернационалец Лукас Окампос од Севилја. Баварскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за да го ангажира крилниот играч кој оваа сезона блеска во Ла Лига. Тој треба да биде и замена за Кингсли Коман, кој заработи посериозна повреда на коленото на мечот против Тотенхем во Лигата на шампионите.

Лукас Окампос на 13 натпревари оваа сезона постигна пет гола во дресот на Севилја, а пред само шест месеци потпиша петгодишен договор со клубот од Андалузија. Претходно играше на позајмица и во Милан, Џенова, Олимпик Марсеј, кариерата ја почна во Ривер Плата, а во Европа пристигна во редовите на Монако.

Се вчитува...