Баерн Минхен се пласира во четвртфиналето на Купот на Германија откако на „Алијанц арена“ го совлада Хофенхајм со 4-3. Баварскиот тим немаше проблеми иако гостите поведоа со 0-1, со автоголот на Џером Боатенг во осмата минута. Сепак, само пет минути подоцна автогол и на спротивната страна од Хубнер, а Томас Милер во 20.минута го доведе Баерн Минхен во водство од 2-1.
Роберт Левандовски ги разреши сите дилеми со два гола, во 36. и во 80.минута, а до крајот Хофенхајм имаше само можност да го намали на поразот со двата гола на Мунас Дабур.
Баер Леверкузен со 2-1 го совлада Штутгарт, а Унион Берлин на гости славеше против Верл (0-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА