Баерн Минхен одржа час по фудбал на Херта

Баерн Минхен забележа нва убедлива победа во Бундес-лигата, на домашен терен декласирајќи го составот на Херта со 5-0. За разлика од последниот дуел со Келн што беше решен во второто полуреме, овојпат избраниците на Нагелсман прашањето на победникот го решија уште во првите 45 минути.

Се беше полесно откако Томас Милер шутираше прецизно во раната фаза на мечот на асистенција на Дејвис, по што Левандовски во 35. минута зголеми на 2-0.

Второто полувреме почна со гол на новиот суперталент на Баерн Мусиала, следеше нов гол на Левандовски, за Полјакот во 84. минута да погоди и третпат, за комплетирање на хет-трикот и убедлив триумф на својот тим.

Се вчитува...