Баерн Минхен плаќа 30 милиони евра за тинејџер на Рен

Баерн Минхен продолжува со засилувањата за наредната сезона, откако баварскиот гигант реши да вложи знечителна сума на пари во нов „играч за иднината“.

Францускиот весник “Л’Екип“ објави дека германскиот шампион постигнал договор со Рен, за сума од 30 милиони евра да го откупи 17-годишниот напаѓач на оваа екипа, Матис Тел. Баерн ќе плати 24 милиони евра за самиот потпис, а дополнителните шест милиони ќе зависат од тоа дали Тел ќе успее да се наметне во првиот тим на баварците.

Овој 17-годишен фудбалер е младински репрезентативец на Франција, постигнувајќи пет гола на шест средби за У18 селекцијата на „триолорите“. Тој сезонава настапи и на седум средби за првиот тим на Рен, со што го привлече вниманието на неколку клубови ширум Европа, за на крајот Баерн да излезе како победник од трката за трансферот на Тел.

Се вчитува...