Баерн Минхен почна преговори со Томас Тухел

Германскиот првак Баерн Минхен го означи првиот пик за нов тренер на тимот, откако се раздели со италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Тоа е Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, кој моментно е без ангажман, токму откако си замина од редовите на „милионерите“.

Тиражниот „Билд“, како и германската редакција на „Скај спортс“ информираат дека раководството на Баерн Минхен веќе го отпочнало преговорите со Тухел за преземање на тимот, во текот на репрезентативната пауза која следи по викендот. На утрешното гостување во Берлин и дуелот со Херта, тимот ќе го предводи Вили Сањол, кој му беше асистент на Карло Анчелоти од почетокот на оваа сезона. Сепак, се очекува многу брзо Тухел да го преземе кормилото на баварскиот тим, иако во опција беше и Џулијан Нагелсман. Но, тој во моментов има актуелен договор и седи на клупата на Хофенхајм.

 

Се вчитува...