Баерн Минхен постави нов рекорд во Бундеслигата, Левандовски повторно го „брка“ Герд Милер

Баерн Минхен стигна до првата победа во Бундеслигата оваа сезона откако славеше над Келн до 3-2. Притоа баварците во овој натпревар поставија и нов лигашки рекорд со 74. натпревари по ред во кои успеале да постигнат најмалку еден гол.

Покрај тоа неверојатниот Роберт Левандовски повторно влезе во трка со рекордите на скоро починатиот Герд Милер. На Полјакот му е потребно по еден гол во следните два натпревара за да го престигне легендарниот Германец по бројот на последователни натпревари со најмалку еден погодок во противничката мрежа.

Вчерашниот гол за Левандовски беше воедно и 15. натпревар во низа во која успеал да даде барем еден гол, а рекордот кој го држи Милер е 16. последователни натпревари. Како потсетување, голгетерот на баварците претходната сезона го надмина рекродот на легендата на германскиот фудбал старт 49 години.

Рекордот кој го држеше Милер по бројот на постигнати голови во една сезона изнесуваше 40, а Левандовски во победата од 5-2 над Аусбург во последното коло од првенството стигна до цифрата на 41 постигнат гол.

Се вчитува...