Баерн Минхен повторно извиси – Кристал Палас не го ослободува хит тренерот

Баерн Минхен по најавата за заминување на Томас Тухел на крајот на сезона мака мачи да ја најде неговата замена. Доколку во минатото беше чест да се биде предводник на германскиот гигант, сега бројни тренери одбија да седнат на „жешкото столче“ на клупата на бундеслигашот.

Зинедин Зидан, Унари Емери и Јулијан Нагеслман се само дел од имињата кои одбија да го наследат Тухел па раководството се осврна кон хит тренерот на Премиерлигата, Оливер Гласнер кој по превземањето на Кристал Палас направи чудо со лондонскиот клуб одземајќи бодови на тимовите од врвот на табелата.

Гласнер го превзема Кристал Палас од легендарниот Рој Хоџсон во февруари оваа година и не само што го „извади“ од дното на табелата, го доведе до 13 позиција на големо задоволство на раководството на тимот кое во австрискиот тренер гледа како долгорочно решение.

Премиерлигашот нема да дозволи Гласнер да замине од „Селхурст Парк“ ова лето и ќе цели да го задржи најмалку во престанатите две години од договорот нудејќи му и голема сума на финансии за летни засилувања.

Се вчитува...