Баерн Минхен повторно пазари од Селтик

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен потпиша договор со 16-годишниот талентиран фудбалер од Селтик, Бери Хепбнер. Хепбнер е репрезентативец на Шкотска до 17 години, а ќе се приклучи на академијата на Баерн каде ќе тренира под надзор на Дени Шварц.

Интересно е тоа што Хепбнер е веќе втор талент од Селтик кој преминува во Баерн Минхен. Минатата година на „Алијанц арената“ стигна Лијам Морисон кој во моментов тренира со тимот до 19 години на баварците.

 

Се вчитува...