Баерн Минхен пресилен за Келн

Баерн Минхен како казнена експедиција помина низ Келн и славеше со 1-4. По ова баварскиот клуб повторно се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата со 46 бода, еден повеќе од Лајпциг.

Гостите по само пет минути игра имаа два гола предност. Роберт Левандовски погоди во третата, а Кингсли Коман во петтата минута. Се беше јасно веќе во 12.минута кога Серж Гнабри зголеми на 0-3.

Во 66.минута Гнабри уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а почесниот погодок за Келн беше дело на Марк Ут во 70.минута.

Се вчитува...