Баерн Минхен рутински го доби Унион Берлин

Баерн Минхен победнички ја продолжи сезоната во Бундес-лигата по пандемијата со коронавирусот совладувајќи го Унион Берлин на гости со 0-2. Баварскиот тим го задржа врвот на табелата со четири бода позитива во однос на Борусија Дортмунд.

Роберт Левандовски во 40.минута од пенал го отвори резултатот, а Бенјамин Павар во 80 минута го постави конечниот епилог на мечот. Ова беше последен меч од колото во Бундес-лигата, која прва од големите лиги се врати на големата сцена по пандемијата на Covid-19. До крајот на шампионатот во Германија остануваат уште осум кола.

Се вчитува...