Баерн Минхен сака да го купи Белерин од Арсенал

Германскиот првак Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити, но и понатаму останува со фокусот во Премиер – лигата. Раководството на баварскиот клуб е во потрага по десен бек, а изборот на Ханси Флик падна на Хектор Белерин од Арсенал. Како што открива „Билд“, Баерн Минхен нема да штеди пари во обидот да го доведе шпанскиот интернационалец на „Алијанц арена“. Подготвен е да плати 50 милиони евра.

Белерин има актуелен договор со Арсенал до 2023 година, но уште од минатата сезона најавува дека сака да го напушти Лондон. Челниците на Баерн ќе се обидат да го убедат дека Минхен е вистинскиот град за него.

Во опција за десната бековска позиција во Баерн Минхен се и Сержињо Дест, 19-годишниот играч на холандскиот Ајакс и Бењамин Хенрикс, фудбалерот на Монако, за кој интерес има и Лајпциг.

Се вчитува...