Баерн Минхен сака да го задржи Ханси Флик за подолг период

Германскиот првак Баерн Минхен ќе му понуди продолжување на соработката на актуелниот тренер Ханси Флик. Тој го „изгаси“ пожарот по заминувањето на Нико Ковач и го подготви тимот за високи дострели. Баерн Минхен се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата, а синоќа оствари убедлив триумф (0-3) на „Стемфорд бриџ“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

„Во црвениот пакет има пенкало. И во Баерн Минхен, понекогаш потпишувате документи со пенкало. Со победата во Лондон направивме голем чекор кон четврт-финалето“ – изјави претседателот Карл – Хајнц Румениге.

Ханси Флик има договор до крајот на сезоната, но очигледно дека ќе добие понуда за продолжување на соработката за подолг период.

Се вчитува...