Баерн Минхен се провлече на пенали во Купот на Германија

Германскиот првак Баерн Минхен се соочи со многу мака во 1/16-финалето на Купот на Германија. На гостувањето против Лајцпиг, баварскиот тим успеа да се пласира во следната рунда дури по изведување пенали (4-5). Во регуларниот тек мечот заврши 1-1. При пеналите, Баерн Минхен изведе совршени пет удари, погодија Левандовски, Алаба, Хумелс, Руди и Робен, додека Лајпциг потклекна во петтата серија, кога Свен Улрих го одбрани шутот на Тимо Вернер.

Баерн Минхен имаше предност од играч повеќе поради исклучувањето на Кеита во 53.минута, но Форсберг од пенал прв го доведе Лајпциг во водство. Потоа израмни Тијаго Алкантара. Во регуларниот тек, мечот заврши 1-1, а голови немаше во продолженијата, па се изведуваа удари од белата точка.

Се вчитува...