Баерн Минхен се распрашува во Мадрид за Ашраф Хакими

Германскиот првак Баерн Минхен сака да го има во своите редови Ашраф Хакими, фудбалерот кој остави одличен впечаток во дресот на Борусија Дортмуинд во Бундес-лигата, но е под договор со Реал Мадрид. Тој замина на позајмица во Дортмунд знаејќи дека нема да ја добие посакуваната минутажа во „кралскиот клуб“, а ја искористи на најдобар можен начин во составот на „милионерите“.

Баерн Минхен сака да го купи Ашраф Хакими, но проблемот е што и раководството на Реал Мадрид одлучи да го врати на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната проценувајќи дека тој израсна во квалитетен фудбалер што заслужува да биде дел од составот на Зинедин Зидан. Баварскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за ангажман на десниот бек, кој може успешно да одговори и на обврските во средниот ред.

Се вчитува...