Баерн Минхен се вклучува во трката за Џејдон Санчо

Германскиот првак Баерн Минхен ќе се обиде да доведе нов фудбалер од големиот ривал Борусија Дортмунд. Редовно најдобрите „милионери“ завршуваат на „Алијанц арена“, па раководството на баварскиот клуб се надева дека ќе може да го купи и Џејдон Санчо. Баерн Минхен е подготвен да понуди 120 милиони евра за ангажман на одличниот англиски офанзивец.

За Џејдон Санчо постои интерес и од Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Тој во 2017 година од академијата на Манчестер Сити одлучи да замине во Борусија Дортмунд каде блесна во полн сјај. Сега вреди околу 130 милиони евра.

Се вчитува...