Баерн Минхен се врати на врвот во Германија, но го загуби Левандовски

Германскиот првак Баерн Минхен се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата, откако послабо стартуваше во овој шампионат. Баварскиот тим го совлада Лајпциг со 2-0 на „Алијанц арена“ и со 23 бода, сега има три бода предност пред Борусија Дортмунд. Но, тренерот Јуп Хејнкес сигурно е разочаран, затоа што на овој натпревар се повреди напаѓачот Роберт Левандовски.

Лајпциг речиси цел натпревар играше со играч помалку. Орбан во 13.минута заработи црвен картон, а тоа го казни Хамес Родригез само шест минути подоцна. Роберт Левандовски во 38.минута го постигна вториот гол за Баерн Минхен, а пред самиот крај на првиот дел и се повреди и мораше да го напушти теренот.

Се вчитува...