Баерн Минхен си „поигруваше“, но го освои Суперкупот на Германија

Со натпреварот од Суперкупот традиционално се отвора новата сезона во Германија во која се чини Баерн ќе продолжи со доминацијата.

Баварскиот тим дојде до трофејот во Суперкупот со триумф од 5-3 против Лајпциг, иако „поигрувајќи си“ си дозволи од предност од 3-0 и 4-1, да дојде до ситуација на крајот да се бори да ја брани победата.

Павард, Гнабри и Сане беа стрелци на останатите три погодоци за Баерн, а Халштенберг, Нкунку и Олмо погодија за Лајпциг.

Се вчитува...