Баерн Минхен со многу „пот“ до 1/4 финалето во Купот на Германија (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен многу потешко од очекувањата, успеа да се пласира во 1/4 финалето во Купот на Германија. „Баварците“ на  гостувањето во Берлин кај Унион славеа само минимален триумф од 2-3, иако на крајот можеа многу лесно домаќините да се изборат за продолженија.

Тимот на Компани многу брзо дојде до предност од 0-2. Најпрво Анса си постигна автогол во 12 минута од средбата и донесе предност за гостите. Кејн во 24. минута зголеми на 2-0, и кога се чинеше дека Баерн лесно ќе ја добие оваа битка, Унион успеа да се врати.

Од Пенал Куерфелд во 40 минута намали. Со нов автогол Баерн Минхен на полувреме замина со +2. После центаршут од слободен удар, Леите од Унион Берлин со глава ја затресе сопствената мрежа.

Нов пенал беше досуден за Унион во 54. минута од средбата, и повторно беше Куерфелд прецизен. До крајот на средбат аи двата тима имаа шанси, а Куерфелд можеше да донесе израмнување, но неговиот обид заврши за малку крај голот.

Се вчитува...