Баерн Минхен со понуда за Тимо Вернер

Германскиот првак Баерн Минхен нема да дозволи репрезентативецот Тимо Вернер лесно да ја напушти Бундес-лигата и да замине во Англија. За него се интересира Ливерпул, но раководството на баварскиот клуб секогаш се труди да го доведе на „Алијанц арена“ најдоброто од Германија. Тој има договор до 2023 година со Лајпциг, но и џентлеменски дил дека ќе може да замине по завршувањето на оваа сезона.

Тренерот на Баерн Минхен , Ханси Флик, ја продолжи соработката до 2023 година и почна да ги прави контурите на составот за наредните неколку години. 24-годишниот Тимо Вернер би можел да биде долгорочно решение за навалната линија на тимот. Тој оваа сезона постигна 21 гол на 25 натпревари во Бундес-лигата. Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе за сума од 55 милиони евра.

Се вчитува...