Баерн Минхен со проблеми пред дербито: Нојер и Кејн неизвесни за мечот со Борусија Дортмунд

Баерн Минхен се соочува со проблеми пред дерби мечот против Борусија Дортмунд. Напаѓачот Хари Кејн и голманот Мануел Нојер би можеле да го пропуштат големото дерби во Бундеслигата поради повреди.

Кејн и Нојер ги пропуштија натпреварите со Англија и со Гермнија минатата недела, затоа што не успеаја да се опорават од повредите. Кејн учествуваше на тренингот во среда, меѓутоа не целосно. Тој се повреди на 16. март на мечот против Дармштад.

Нојер го скина левиот бутен мускул на тренингот на репрезентацијата на Германија минатата седмица, а не бранеше на дуелите со Франција и со Холандија. Баерн соопшти дека Нојер тренирал индивидуално.

Се вчитува...