Баерн Минхен со стил ја закити круната во Бундес-лигата, Борусија Менхенгладбах оди во ЛШ, покер на Крамариќ

Баерн Минхен на шампионски начин ја заокружи титулата во Бундес-лигата, славејќи на гости против Волфсбург со 0-4. Коман и младиот Куисанс погодија во првиот дел, Левандовски од пенал и Томас Милер во второто полувреме за баварскиот тим.

Борусија Менхенгладбах со триумфот од 2-1 над Херта го обезбеди четвртото место и се пласира во ЛШ заедно со Борусија Дортмунд и со Лајпциг. Јонас Хофман и Брил Емболо беа стрелци на головите за Борусија Менхенгладбах, а во финишот Ведад Ибишевиќ погоди за Херта. Извиси Баер Леверкузен кој и покрај победата од 1-0 над Мајнц остана на петтата позиција и без ЛШ.

Борусија Дортмунд изненадувачки загуби дома со 0-4 од Хофенхајм. Творец на триумфот беше неверојатниот Андреј Крамариќ кој ги постигна сите четири гола на овој меч.

Фортуна Диселдорф и Падерборн испаднаа од елитата, Вердер ќе игра бараж за опстанок.

Резултати Германија: Аугсбург – Лајпциг 1-2, Борусија Менхенгладбах – Херта 2-1, Баер Леверкузен – Мајнц 1-0, Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0-4, Ајнтрахт Ф. Падерборн 3-2, Фрајбург – Шалке 4-0, Унион Берлин – Фортуна Диселдорф 3-0, Вердер – Келн 6-1, Волфсбург – Баерн Минхен 0-4.

Се вчитува...