Баерн Минхен имаше катастрофална сезона на фудбалски план, но навивачите на баварскиот гигант се израдуваа барем на титулата во кошаркарскиот шампионат на Германија откако нивните миленици славеа со 3-1 во финалната серија против Алба.
Избраниците на Пабло Ласо победата ја прославија во Берлин, откако на гостински терен го натераа незгодниот ривал на капитулација, со триумф од 82-88 стигнувајќи до првата шампионска титула по пет години пауза. Пресудна беше третата чтвртина што Баерн ја доби со убедливи 6-21, успевајќи да се одлепи резултатски и да стигне до посакуваниот триумф.
Плејмејкерот Карсен Едвардс беше клучна фигура во оваа победа со 29 постигнати поени, додека четири поени помалку во поразениот тим постигна Стерлинг Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА