Баерн Минхен тргнува по Хамес Родригез

Германскиот првак Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе Хамес Родригез, играчот за врска на Реал Мадрид, во своите редови ова лето. Откако пропадна можноста за Алексис Санчез, кој сепак бара преголема годишна плата, а баварскиот клуб јавно истакна дека нема да прави „луди трансфери“, тренерот Карло Анчелоти сака да го засили навалниот ред со колумбискиот интернационалец.

Италијанскиот стратег добро ги познава квалитетите на Хамес Родригез од периодот кога беше тренер на Реал Мадрид, а „кралевите“ интензивно бараат купец за овој фудбалер, и би можеле да се согласат и за делумно намалување на отштетата. Раководството на Реал Мадрид одреди цена од 70 милиони евра за Колумбиецот, но јасно е дека како што одминува времето, ќе мора да бидат и многу повеќе попустливи, доколку навистина сакаат да го продадат. Токму тоа сака да го искористи Карло Анчелоти и да го доведе на „Алијанц арена“.

Се вчитува...