Баерн Минхен во финалето на Купот на Германија

Германскиот првак Баерн Минхен широко ја отвори вратата за двојна круна оваа сезона пласирајќи се во финалето на Купот. Баварскиот тим во полуфиналната пресметка го совлада Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен со 2-1 и во големото финале ќе ги одмери силите со Баер Леверкузен.

Иван Перишиќ го отвори резултатот во 14.минута, но Ајнтрахт Франкфурт успеа да израмни во 70.минута преку Дани Да Коста. Сепак, само пет минути подоцна Роберт Левандовски ги урна надежите на противникот дека може да биде дел од финалето.

Се вчитува...