Баерн на реваншот во Мадрид без Робен и Боатенг?

Баерн Минхен загуби од Реал Мадрид на домашен терен (1-2) во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, а Јуп Хејнкес ќе има и дополнителни проблеми за реваншот во Мадрид на 1 мај. Тренерот на Баерн на синоќешниот меч до 33.минута мораше да ги замени и Ариен Робен и Жером Боатенг.

Робен одигра само пет минути од дуелот со Реал, а кога видоа дека сепак не може да продолжи, тој во 8.минута беше изваден од игра, а на негово место влезе Тиаго Алкантара. Според вестите од Германија, холандскиот фудбалер има повреда на задната ложа.

Истата повреда му се случи и на Жером Боатенг, кој го напушти теренот во 31.минута држејќи се за ногата.

Засега се уште нема официјални информации за серозноста на повредите, но многу се поизвесно е дека ни Робен, ни Боатенг не ќе може да настапат на реваншот за шест дена во Мадрид.

Се вчитува...