Баерн не дава попуст – ова е цената за Левандовски

Роберт Левандовски се цврсто решен да се пресели во Барселона во текот на летово, но Баерн Минхен нема така лесно да се откаже од услугите на својот најдобар фудбалер.

Сите челници на баварскиот гигант во одделни изјави гласно кажаа дека Левандовски има уште една година од договорот со Баерн и тоа треба да биде испочитувано, што е јасен знак дека или ќе добијат сума што ќе ги задоволи нивните апетити, или ќе го задржат Полјакот на уште една година.

Последните информации од Шпанија говорат дека Баерн веќе испратил и конкретна порака до Барселона со цената за одличниот голгетер – 50 милиони евра. Барса не делуваше подготвена да плати повеќе од 30 милиони, но Салихамиџиќ и Кан тешко дека ќе попуштат во овие преговори, особено ако се знае дека немаат подготвено соодветна замена за лидер на нападот за наредната сезона.

На потег е Лапорта, кој ќе треба да реши дали да издвои 50 милиони, плус 30 милиони евра годишно во наредните три сезони, за играч кој е од врвен квалитет, но исто така и се ближи до крајот на кариерата, или пак Барса ќе побара друга опција како засилување за нападот во летниот преоден рок.

Се вчитува...