Баерн Минхен ќе игра против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон. Баварскиот клуб ја потврди доминацијата и против Лион, славеше со убедливи 3-0 и закажа финална пресметка со ПСЖ, кој е дебитант во финалињата. За Баерн Минхен ќе биде тоа 11.финале, а ќе ја брка шестата европска титула.
Лион немаше сили за уште една сензација, откако претходно ги елиминира Јувентус и Манчестер Сити. Но, не беа на почетокот инфериорни избраниците на Руди Гарсија. Имаа шанси за водство, преку Мамфис Депај и Карл Токо Екамби, кој ја погоди рамката од голот на Мануел Нојер. Голманот на Баерн Минхен исто така беше сигурен при неколку обиди на францускиот тим и спречи да се тресе неговата мрежа.
Серж Гнабри беше стрелец на првите два гола за Баерн Минхен. Првиот погодок го постигна по соло акција во 18.минута, а потоа зголеми на 2-0 во 33.минута. Во вториот дел, баварците се чуваа за финале, но Роберт Левандовски не пропушти да го постигне 15 гол на деветтиот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА