Баерн не го сакаше – поранешниот светски првак сега ќе игра за Пипо Инзаги

Џером Боатенг повеќе од шест месеци е без клуб откако му истече договорот со Лион, а германскиот ветеран конечно најде нов ангажман. Тој утрово допатува во Италија, каде ќе потпише договор со екипата на Салернитана, која е убедливо последна на калчолигашката табела.

Желбата е јасна, Германецот сака да биде во тим каде би бил стандарден првотимец за потоа следното лето полесно да најде нов ангажман. Поради тоа, тој бараше минимални услови што раководството на Салернитана ги прифати, по што Боатенг пристигна во Салерно, на лекарски прегледи и потпис со „фенерџијата“ во Серија А, каде тренер е легендарниот голгетер Филипо Пипо Инзаги.

Само за потсетување, Боатенг пред неколку мееци беше блиску до камбек во Баерн Минхен, но трансферот не се реализираше поради незадоволството на навивачите, кои не сакаа ни да чујат за камбек на поранешниот дефанзивец на „лијанц Арена“.

Боатенг најдобрите денови во кариерата ги мина токму во Баерн, каде стигна до десет титули во Бундес-лигата, пет куп-трофеи и две титули во Лигата на Шампионите (2013 и 2020). Тој исто така беше дел од репрезентацијата на Германија која стигна до светската титула на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Се вчитува...