Баерн не прифаќа уцени од Давид Алаба

Давид Алаба се наоѓа на излезна врата од Баерн Минхен откако пропаднаа и последните обиди да се договори продолжување на соработката меѓу австрискиот репрезентативец и новокрунисаниот европски првак. Алаба има договор со Баерн само до крајот на сезонава, а откако стана јасно дека е предалеку од потпис на нов договор баварскиот гигант сега ќе настојува да го продаде овој фудбалер до крајот на преодниот рок, што истекува на 5 октомври.

Барањата на Австриецот биле тотално неразумни, тој не само што инсистирал на плата повисока од онаа што ја заработува Роберт Левандовски, туку неговиот агент Пини Захави на последните преговори побарал и огромни 20 милиони евра на име „менаџерска провизија“.

Ули Хенес гледа на преговорите како на класична уцена што нема намера да ја прифати, поради што повеќе нема да седне на маса со Захави и Алаба, туку ќе почне преговори за продажба на австрискиот репрезентативец. Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се заинтересирани да го доведат овој фудбалер во своите редови, а лесно може да се случи во трката да се вклучи и Барселона.

Се вчитува...