Баерн носи нов Шпанец за 40 милиони евра

Баерн Минхен даде зелено светло за заминување на Ренато Санчез во Лил за почетни 20 милиони евра, а германскиот првак сега е подготвен да плати двојно повеќе пари за нов фудбалер за врска што би го наследил португалскиот репрезентативец. Станува збор за Шпанецот Марко Рока од Еспањол, кој според германските медиуми се наоѓа на чекор до преселба на „Алијанц Арена“.

Клубот од Барселона не сака да го продаде 22-годишниот играч за врска, но Рока има клаузула од 40 милиони евра што Баерн е подготвен да ја плати за да ја добие оваа трка, во која учествуваа уште и Интер и Реал Мадрид.

Овој фудбалер минатата сезона настапи на 20 натпревари за Еспањол, постигнувајќи еден гол надополнет со две асистенции. Тој најдобро се снаоѓа како последен играч за врска, иако во текот на ланскиот шампионат настапуваше и на други позиции во средниот ред на Еспањол.

Се вчитува...