Баерн Минхен дојде до нова победа во Бундеслигата, откако го совлада Фрајбург со убедливи 6-2, враќајки се од негатива од два гола. Но, избраниците на Винсен Компани со шест гола успеаја да стигнат до триумф.
Фрајбург имаше сензационална предност во Минхен од 0-2, но Баерн успеа да стигне до 2-2 пред паузата. А, потоа во вториот дел му нанесе „дебакл“ на гостинскиот тим.
Баерн од негатива, стигна на крај до убедлив триумф од 6-2. Сузуки и Манзамби за само 17 минути имаа поволна позиција од Минхен. Но, Карл и Олисе до крајот на полувремето донесоа израмнување, за во вториот дел целосен „потоп“ за гостите. Упамекано донесе пресврт, па Кејн погоди за 4-2, Џексон зголеми на 5-2, за конечните 6-2 да ги постигне Олисе.
Борусија Дортмунд заостанува дополнително на табелата, откако освои само бод против Штутгарт. „Милионерите“ прокоцкаа предност од 2-0, а потоа и од 3-2, за на крајот да дозволат Штутгарт да израмни во 91. минута.
Емре Џан и Бајер во првиотдел донесоа 2-0 предност на полувремето, но Штутгарт со двата гола на Ундав стигна до 2-2. Потоа Адејеми погоди за ново водство, а Ундав со „хет-трик“ успеа да го остави Штутгарт непоразен во Дортмунд. Ова е втор „кикс“ на Борусија во последните секунди, откако на ист начин испушти два бода и во мечот со Хамбургер на гостински терен минатото коло.
Убедлива победа оствари тимот на Борусија Менхенгладбах со 3-0 над Хаденхајм на гости, а Баер Леверкузен славеше во Волфсбург со 1-3. Аугзбург со еден гол стигна до три бода во мечот со Хамбургер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

