Баерн од главниот спонзор инкасираше нови 250 милиони евра!

Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен на финансиски план има апсолутна доминација, откако од својот главен спонзор клубот инкасираше мега сума.

„Дојче Телеком“ веќе со години е спонзор на Баерн, а сега соработката е продолжена за нови пет години, до 2027 година и „Баварците“ ќе добијат нови 250 милиони евра или по 50 милиони евра годишно.

Баерн веќе освои еден трофеј сезонава, германскиот Суперкуп, а со две победи во два првите меча ја започна и одбраната на шампионската круна.

Се вчитува...