Баерн одлучи за иднината на Кансело во Минхен

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело, во зимскиот преоден рок од Манчестер Сити стигна на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната. Баерн Минхен има прилика да го откупи за 70. милиони евра, но тоа многу веројатно нема да се случи, со што Португалецот ги игра последните минути во таборот на „Баварците“.

Гвардиола не сметаше премногу на него, па го испрати во Минхен, со надеж дека ќе успее да заработи на него. Меѓутоа менаџерот на Сити ќе мора да бара друго решение идното лето.

Германските медиуми пишуваат дека Кансело влијаел и на атмосферата на Баерн. Тој не се дружел со никого, а наводно само кратко зборувал со Лерој Сане, а слушалките никогаш не ги вадел од себе, апсолутно е асоцијален и изолиран од тимот.

Се вчитува...